Каква било бројка на процентуална застапеност да покаже пописот нема да се одрази врз стекнатите права, Уставот, законите, рече во одговор на новинарско прашање премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција.
Како што кажа тој, бројките може да се релативни како резултат на слободното движење на луѓето.
–Тоа е статистичка и реална постапка. Нема да има никаква рефлексија во делот на стекнати права…тоа се стекнати права и можни се варијабли, во глобално село на миграции, на заминување и враќање на граѓаните, во државата, професионални ангажмани, дефинитивно не треба и нема да влијаат на ниту едно од веќе воспоставените законски решенија, рече Заев.