Премиерот Зоран Заев, со два различни ставови во однос на тоа кој може, а кој не да биде дел од владата.
Тој минатата година тврдеше дека ако некој е осомничен под истрага, нема да биде дел од извршната власт, а откако СЈО отвори постапка против Бујар Османи, ставот го промени.
-И се во идинина што ќе се покаже, дека некој е осомничен под истрага, има обвинителен акт и слично, нема да биде составен дел на новата влада, изјави Заев на 28 мај минатата година.
Откако СЈО отвори постапка против вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој е осомничен за злоупотреба на службена положба во постапки по јавни набавки, Заев го промени ставот.
-Мојот став отсекогаш бил ист и продолжува да биде ист. Никој не е виновен додека со правосилна пресуда тоа не му се докаже. И секако ова е само истрага, изјави премиерот пред неколку денови.
Инаку деновиве СЈО отвори нова истрага под кодно име „Пациент”, а еден од 15мината осомничени е и Османи. Во овој случај осомничените се товарат за злоупотреба на службена положба и овластување во постапки по јавни набавки за извршување на градежно и градежно – занаетчиски работи во повеќе јавни здравствени установи во земјава.