Премиерот Зоран Заев прв го пријавил случајот „Рекет“ во Обвинителството, истакна раководителката на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска за Незавесен весник.
Рускоска вели дека освен таа, известен бил и Јавниот обвинител Љубомир Јовески.
– Премиерот усно нè извести мене и јавниот обвинител на РСМ, притоа изразувајќи подготвеност да дојде и да поднесе кривична пријава на записник. Но ние му советувавме сведокот да дојде во Обвинителство и да пријави. – истакна Вилма Русковска за весникот.
За рекетот Рускоска вели дека првпат премиерот им кажал во втората половина на април.