Премиерот Зоран Заев изрази негативен став на барањата од албанската опозиција за дополнителни уставни измени, посочувајќи дека во Македонија нема потреба уште повеќе да се отвора Пандорината кутија, пренесе АлсатМ.
За изјавата на Бујар Осман дека Охридскиот договор треба да биде вклучен во преамбулата на Уставот, Заев посочи дека тоа било затворено во 2001 година.
Премиерот Заев додаде дека не очекува блокирање на процесите во Собранието, особено не од ВМРО-ДПМНЕ.