Лидерот на СДСМ Зоран Заев прогласи победа на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во првиот круг од претседателските избори.
Како што рече, Пендаровски води со околу 4.300 гласови, односно дека по 98,28 отсто пребројани гласови Пендаровски освоил 321.201, а кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова 316.872. Кандидатот на Беса и Алијанса за Албанците, Блерим Река, освои 79.169 гласови.
Заев ги повика сите граѓани да излезат на гласање во вториот круг за да победи напредокот на земјата, а не државата да се враќа назад.
Во вториот круг ќе се спротистават два целосно спротивни концепти. Прогресивниот концепт на Стево и концептот на Силјановска кој е деструктивен. Знам дека во вториот круг уште посилно граѓаните ќе го поддржат напредокот. Му честитам на Стево Пендаовски за победата во првиот круг, а ќе биде уште поголема во вториот круг, рече Заев.
Тој додаде дека очекува во вториот круг граѓаните кои гласаа за Блерим Река на 5 мај ќе придонесат за патот кој води напред, затоа што овие важни избори определуваат колку брзо ќе почнеме да живееме европски.