Македонија 15. декември 2019. / 14:56

Заев: Пркосев на судството и велев Суде не ти доаѓам на рочишта, не се појавувам, дојдете притворете ме

Заев: Пркосев на судството и велев Суде не ти доаѓам на рочишта, не се појавувам, дојдете притворете ме

Премиерот Зоран Заев во интервју за Новатв низ смеа открива дека тој како шеф на тогашната опозиција му пркосел на судството, односно може да се заклучи дека тој во тоа време си играл мајтап со судската влас и државата. Нормално е после една ваква изјава со реакција секако да се јават од судските власти, но засега молк од страна на претседателот на судскиот совет Киро Здравев и претседателот на Основен суд Скопје I, Иван Џолев.

Како шеф на опозицијата ја фрлив ракавицата и пркосев на судството и велев Суде не ти доаѓам на рочишта, не се појавувам секој понеделник да се регистрирам во Судот, дојдете притворете ме, вели во интервјуто за новатв премиерот Зоран Заев.