Премиерот Зоран Заев јавно признава дека со својот народ играл на сè или ништо.
Тој повторно, овој пат од својата Струмица, порачува дека вВадата нема други планови во случај референдумот за Договорот со Грција да не помине.
Вели дека алтернативни решенија не постојат, излез во случај на неуспех нема и употребувајќи коцкарски речник им објасни на присутните во каква игра влегол и што ставил во залог.
„Немојте да мислите дека некој друг ќе ни ја заврши работата, дека има некој резервен план. Нема. Ова е храбра битка, играв со сите кецеви и џокери во ракав, играв со мојот народ, играв „all in“, играв на сè или ништо“, рече Заев во Струмица.
Опозицијата на ваквите зборови на Заев одговори со барање тој да се коцка со плантажите за марихуана и другите бизниси што ги има неговото семејство, а не да се коцка со тоа што не е негово.