Македонија 13. септември 2019. / 20:32

Заев призна дека Катица не работела стручно: Ќе поддржиме разрешување за нестручно работење, но не за незаконско

Заев призна дека Катица не работела стручно: Ќе поддржиме разрешување за нестручно работење, но не за незаконско

Пратениците на СДСМ на утрешната собраниска седница ќе го поддржат разрешувањето на Катица Јанева, но, не за незаконско, туку за нестручно и несовесно работење, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју за ТВ „Сител”.

– Толку е нелогично тоа дека во „Рекет” некој бил вмешан од блиските луѓе на Заев и затоа не се разрешува Катица Јанева, едно со друго нема „блага врска”. За Собранието да не ги кочи постапките на барање на Советот на обвинители, тоа ќе постапи. Нашето укажување и писмено го дадовме, дека ќе дадеме поддршка во Парламентот, но не за незаконско, туку за нестручно и несовесно работење. – истакна Заев.

Според него, мандатот на Јанева истекува на 15 септември, а Собранието не смее да биде причина и пречка на постапката.

Заев повтори дека тој го пријави случајот „Рекет”, а Обвинителството е целосно ослободено и постапката се води максимално транспарентно. – Сакам постапката да заврши час поскоро. Граѓаните сакаат да ги знаат одговорите. Постојат закони во државата и треба да се постапува по нив. Јас сум задоволен зашто веќе нема влијание врз правосудтсвото, потенцира премиерот.