Слушаме дека бил тука црногорскиот бизнисмен, дека давал пари, дека дал 300 илјади евра. Слушаме во разговорите се спомнува генералниот секретар на Владата, се спомнува Заев и се спомнуваат многу работи, се давале пари, се зборува за земјиште, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на првата телевизиска дебата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев што се емитуваше на телевизија 24, зборувајќи за еден од објавените материјали.
Но, тој Дака се враќа тука пак и очигледно е нездоволен, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.
Заев пак не негира, туку вели дека се среќава со секого, дека сите и секаде го користат неговото име.
Како е тоа можно ако работите како што треба. како е можно да ве спомнувате дека сте земале пари, рече Мицоски.