Македонија 02. април 2020. / 23:17

Заев призна дека Ахмети не сакал платите на административците да се намалат на 14.500

Заев призна дека Ахмети не сакал платите на административците да се намалат на 14.500

Се потврдија пишувањата на медиумите дека ДУИ не се согласувала до предлогот на Заев сите административци да добиваат по 14.500 денари како мерка за справување со последиците од корона вирусот.

Претседателот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев, призна дека лидерот на ДУИ Али Ахмети го надгласал во Владата за кратење на платите на администрацијата.

Гостувајќи во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија тој истакна дека дал предлог за кратење на платите на администрацијата но неговиот предлог со мнозинство бил надгласан на седница на Владата.

Заев сепак најави дека оваа мерка би можела да биде воведена во иднина.