Премиерот Зоран Заев и министерската за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска во Радовиш ги отворија 23-те пензионерски спортски игри. Игрите ги организира сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, а се под покровителство на министерството за труд и социјална политика.
Во своето обраќање премиерот Заев ја поздравил енергијата што ја имаат пензионерите и им порачал дека грижата и заштитата остануваат врвен приоритет на Владата. Во своето понатамошно излагање, премиерот Заев не ја прошушти приликата да проговори и за договорот со Грција, како и за актуелниот референдум. Според него, тоа биле важни стратешки чекори кои земјата на интегрираат во најбезбедните и најбогатите сојузи, ЕУ и НАТО.