Македонија 15. февруари 2021. / 13:09

Заев: Предвремени парламентарни избори нема да има, пописот ќе се одржи од 1 до 21 април

Заев: Предвремени парламентарни избори нема да има, пописот ќе се одржи од 1 до 21 април

Премиерот Зоран Заев денес ја отфрли можноста за одржување предвремени парламентрни избори заедно со локалните, додека во врска со пописот изјави дека ќе се одржи како што е предвидено од 1 до 21 април годинава.

-Локални избори заедно со парламентарни нема да има. Ја повикувам секоја партија која што мисли дека треба да има, нека се изасни јавно. Коалиционите партнери – владини и тие што го сочинуваат парламентарното мнозинство апсолутно се на ставот дека во државата треба конечно да има редовни избори, рече Заев.

Тој истакна дека дојде време да се работи и да се сработи до крај, заради тоа што е важен секој месец, секој ден, секој час, а не постојано да се оди на избори.

-Бевме на избори, прифативме предвремени парламентарни избори на барање на опозицијата, ја утврдивме евроатланската агенда и завршија изборите и изгуби ВМРО ДПМНЕ. Сега повторно да одиме на предвремени парламентарни избори? Зошто? Затоа што така мисли Мицкоски? Не, нема потреба да одиме, нема причини зошто да одиме. Треба да одработиме, и ако треба по 100 пати да повтроруваме за тоа, ќе повторуваме, рече Заев.

Тој нагласси дека дефинитивно, парламентарно мнозинство за одлука за предвремени парламентарни избори нема.

-Ако го има, Мицкоски нека го покаже и нека ја донесат комплетно одлуката како што мислат, рече Заев, порачувајќи дека Мицкоски треба да престане да залажува заради свои внатрепартиски потреби одредени нерални агенди.

-Тоа е неодговорно и влијае врз економијата. Предвиливоста за економијата е важна. Сите деловни луѓе треба да знаат, секое семејство, секој граѓанин, за да може да прави предвидливост за плановите – ќе има редовни парламентарни избори во 2024 година, рече Заев.

Во врска со пописот, премиерот уште еднаш нагласи дека тој треба да се одржи како што е предвидено, како и дека податоците од пописот се важни за државата и за планирање на нејзиниот развој.