Премиерот Зоран Заев при денешната посета на фабриката „Маркарт“ во Велес, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има предвремени избори и дали веќе е отпочната изборната кампања рече дека предвремени избори ќе има кон крајот на октомври 2020 година, односно 45 дена пред редовните.
– Надежта за конечни одлуки за стратешките цели за државата ќе бидат исполнети сега во средината на октомври, декември-јануари или февруари, во зависност од одлуките на Шпанија за НАТО – рече премиерот.
Тој појасни дека земјите, како Бугарија, Хрватска или Романија, кога станува членки на НАТО и кога ги отвораа процесите на преговори со ЕУ, буквално живееја „меден месец“, кој според него, не се повторува.
– Ова е тој период, кој ние буквално не можеме да очекуваме дека сериозно ќе се повтори во иднина и тоа се причините зошто сметаме дека треба да се оди на редовни избори – потенцираше Заев.