Македонија 24. август 2020. / 13:01

Заев: Предлогот за новата Влада ќе биде доставен кога ќе се одберат потпретседателите на Собранието

Заев: Предлогот за новата Влада ќе биде доставен кога ќе се одберат потпретседателите на Собранието

Предлогот за новата Влада ќе биде доставен кога ќе се одберат потпретседателите на Соранието, изјави Зоран Заев, лидерот на СДСМ за ТВ21.

„Прво парламентот мора да го утврди бројот на потпретседателите во Парлаемнтот и уште некои други одлуки, а исто така треба да го верифицира мандатот на следните пратеници кои доаѓаат од листите. Штом заврши Собранието со сите овие претходни постапки, веднаш ќе го доставам предлогот за Влада и владината програма до Парламентот“, рече Заев.

Тој потврди дека станува збор за пратеници кои се следни на листа на пратеници откако некои беа предложени за министри.