Македонија 18. октомври 2018. / 13:23

Заев: Пратеници да кажеме „да“ за промена на името, историјата ги памети правилните одлуки

Заев: Пратеници да кажеме „да“ за промена на името, историјата ги памети правилните одлуки

Премиерот Зоран Заев денеска преку својата официјална Фејсбук страница ги повика пратениците да донесат правилна одлука и да кажат „да“ за можноста која е пред нив.

– Пратеници, да кажеме ДА на можноста пред нас. Историјата ги памети правилните одлуки, напиша Заев.