Македонија 01. ноември 2020. / 21:55

Заев повторно ветува дека ќе го продаде фамозниот „мерцедес“

Заев повторно ветува дека ќе го продаде фамозниот „мерцедес“

Заев повторно вети продажба на фамозниот „мерцедес“ за кој осудени се Никола Груевски, Гордана Јанкуловска и Ѓоко Поповски. По сторијата на ТВ21 дека возилото сè уште се наоѓа во владината гаража, во изјава за телевизијата премиерот Зоран Заев вели дека сега може да се вештачи и потоа продаде.

-После пресудата на Врховен суд предметот е завршен и сега може да се направи вештачење колку пари би можел да се продаде и да се направи одлука согласно тоа, што да се прави со него, рече Заев за ТВ21.

Владата веќе имаше донесено одлука за негова продажба, но бидејќи тогаш беше во тек и судскиот предмет „Тенк“, истата беше повлечена бидејќи истиот беше материјален доказ.

Во меѓувреме, владата од СДСМ бројни пати беше уловена како го користи „она на М“.