Македонија 17. February 2019. / 10:32

Заев повторно се обрука: Норвешка ќе не поддржувала за ЕУ, а не е во ЕУ!

Заев повторно се обрука: Норвешка ќе не поддржувала за ЕУ, а не е во ЕУ!

Премиерот Зоран Заев се обрука откако на Твитер напиша дека Норвешка ќе дадела поддршка за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Тоа би било добра изјава, но премиерот заборави дека Норвешка не е членка на Европското семејство.

– Норвешка гледа сојузник во нашата земја и е подготвена да ја продолжи својата поддршка, бидејќи смета дека сериозно придонесуваме во европската агенда и дека сме посветени на отворање на поглавјата за преговори со ЕУ – напиша Заев на Твитер.

Инаку вчера Норвешка силно го поздравува Договорот од Преспа и решавањето на спорот со Грција како важен момент за процесите за вклучување на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ.

Претседателката на Владата на Кралството Норвешка Ерна Солберг на средбата со Заев и посака добредојде на нашата земја во НАТО која веќе го зазеде своето место веднаш до Норвешка и каде што ќе го помине периодот на ратификација на Протоколот за пристапување како поканета земја членка, по што ќе го добие статусот на полноправна членка со право на глас во сите работни тела на Алијансата.