Македонија 04. декември 2020. / 20:44

Заев повторно лажел – нема постигнат договор за нови учебници

Заев повторно лажел – нема постигнат договор за нови учебници

Извори на Комисијата за историски прашања тврдат дека двете страни се уште се далеку од било каков напредок и дека новите учебниците се само во главата на премиерот.

Премиерот Заев лажел кога изјави дека од учебната 2021/2022 македонските ученици ќе добијат нови учебници согласно напредокот на комисија со Бугарија.

Дека Заев лажел потврдува и друг член на комисијата за 360 Степени. „Бугарските колеги се обидуваат да го наметнат бугарскиот етнонационален и исклучив наратив како единствен кој треба да се изучува во учебниците во Северна Македонија.

-Поголем дел од бугарскиот тим во Комисијата нема чувство дека станува збор за образовен систем на друга држава и дека не може една држава да ѝ диктира на друга држава што ќе се изучува во училиштата во С Македонија, велат од македонскиот тим за 360 Степени.

Премиерот вчера објави дека на средбата на Комисијата за историски прашања бил постигнат напредок и дека во учебната година 2021/2022 ќе започне имплементација во учебниците на она што е договорено во Комисијата за историски прашања.

Според денешните извештаи тој вчера пак ја лажел македонската јавност.