Македонија 19. јули 2018. / 10:44

Заев повторно го објави ,,избришаниот” твит (ФОТО)

Заев повторно го објави ,,избришаниот” твит (ФОТО)

По пауза од речиси еден час премиерот Зоран Заев повторно го објави твитот кој предходно го избриша по критиките од твитерџиите.

Откако во 22.20 часот Заев го избриша твитот во кој раскажува кое е можното прашање на референдумот во 23.18 тој повторно го објавува истиот текст.

На неговиот избришан твит реагираат и други луѓе како екс министерката за култура Ганка Цветановска.

Откако го објави прашањето за референдумот премиерот доби низа коментари од членови на движењето #бојкотирам по што тој го избриша твитот.

Движењето #бојкотирам според информации од твитер заедницата обединува десетина активисти, дел од нив активни и во Шарената револуција кои што сега сметаат дека Владата на Заев влече погрешни потези за името.