Македонија 25. јули 2019. / 14:16

Заев потврди дека се среќавал со Кичеец кога застапувал странски инвеститори

Заев потврди дека се среќавал со Кичеец кога застапувал странски инвеститори

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Антонио Милошоски рече дека тројцата новинари повикани во Јавното онбинителство не се репресирани да го откријат изборот на информации, туку да дадат евентуално релевантни докази во случајот „Леонардо“ за евентуална тендерска злоупотреба на Македонски навигации и владиниот секретар Драги Рашковски.

Милошоски го обвини Заев дека потпишал контроверзен договор со надворешниот советник Љупчо Зафировски за лобирање во Франција по што започна препукувањето од собраниската говорница на денешните пратенички прашања.

Во дуелот со Милошоски кажа дека се сретнувал со второбвинетиот во случајот „Рекет“, Зоки Кичеец, но само официјално кога овој застапувал заинтересиран странски инвеститор во рударството во Македонија, односно како што кажа, извесен Ник од Австралија.