Македонија 18. февруари 2019. / 13:09

Заев: Потребна ни е подршка за консензуален претседателски кандидат од Гаши и Тачи

Заев: Потребна ни е подршка за консензуален претседателски кандидат од Гаши и Тачи

Пред средбата со коалицискиот партнер Али Ахмети, премиерот Заев најави дека денеска планира да се сретне и со претставници на другите партии за да разговара за заеднички претседатеслки кандидат. Тоа како што рече било дел од идејата „едно општество за сите“ и во таа насока ќе се обиде да се договори и со Села и Касами.

-Денеска продолжуваме со средбите со политичките партии на нашите коалициски партнери од албанскиот блок. Прво ќе има средба со ДУИ, а потоа продолжуваме со БЕСА на Африм Гаши, како и со Мендух Тачи. Ќе направам напори и сакам да се видам и со Зијадин Села од Алијанса на Албанците и БЕСА на Билал Касами за да можеме да поразговараме и да видиме дали можеме сите да застанеме зад заеднички кандидат кој е прифатлив за сите граѓани од секаква политичка, етничка и социјална припадност. Верувам дека тоа е изводливо. Ако го направиме тоа, уште еднаш го потврдуваме „едно општество за сите“ и праќаме сериозна порака за охрабрување кон граѓаните за нашата одговорност да се надминеме себеси и да застанеме зад личност за која однапред веруваме дека ќе биде одличен претседател на Република Северна Македонија- изјави Заев.

Заев додаде дека поддршка за консензуален кандидат за претседател добил на вчерашниот состанок со другите коалициските партнери.