Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција рече дека изборитеќе се одржат на почетокот на наредниот месец, но датумот е неодреден.
Сепак, според Заев, за тоа би требало да има измени во изборниот законик, за што е потребно широк консензус и оти за тоа би требало да се продолжи вонредната состојба за уште неколку денови.
– Постои решение за сите работи. Постои можност среда, 8-ми јули да бидат изборите, затоа што е неработен ден, може да се продолжи гласањето до 21 часот. Тогаш би ги платиле дупло членовите на избирачки одбори. Ако биде така, тогаш од недела по полноќ би почнал изборниот молк. За вакви работи се решава со консензус. Доколку не, тогаш останува недела да биде изборниот ден, истакна Заев.