Македонија 28. декември 2020. / 21:09

Заев: Попис ќе има во април бидејќи тоа е неопходно за развојот на државата

Заев: Попис ќе има во април бидејќи тоа е неопходно за развојот на државата

Премиерот Зоран Заев најави дека попис ќе има идната година во април бидејќи тоа било неопходно за развојот на државата.

-Пописот не смее и нема да зависи од волјата на политичките партии и лидери.
Пописот, како статистичка операција, според највисоките стандарди на ЕУ, ќе го организира и спроведе Државниот завод за статистика кој за пилот фазата ги доби највисоките оценки.
Нашите граѓани чекаат попис речиси две децении, оваа шанса нема да ја пропуштиме. Сѐ е подготвено, а развој е можен само со точни статистички податоци – напиша Заев на социјалните мрежи.

 

Попис ќе има идната година во април бидејќи тоа е неопходно за развојот на државата.

Пописот не смее и нема да зависи…

Posted by Zoran Zaev on Monday, December 28, 2020