Премиерот Зоран Заев во својата честитка за годишнината од крајот на Првата светска војна, порача дека помирувањето на завојуваните страни е олицетворено во Европската Унија.
-Европа и светот се сеќаваат на овој настан бидејќи војната трауматизираше и остави длабоки лузни на сите луѓе. За жал, 11 ноември 1918 не ги запре војните во Европа. Требаше уште еден светски конфликт за да се стигне до конечно помирување помеѓу завојуваните страни.
Денес тоа помирување е олицетворено во Европската Унија, сојуз на земји кои поучени од минатото, се определија преку соработка и меѓусебна доверба да градат подобра иднина за сите генерации во Европа напиша Заев во својата порака.
Според Заев, желбата на граѓаните на Македонија да живеат во мир, просперитет и добри односи со соседите и целиот регион е движечката сила зад стремежот на земјата да биде членка на Европската Унија, и да го даде својот придонес во градењето на обединета Европа, која живее во мир.