Македонија 18. март 2020. / 14:01

Заев: Полициски час ќе се воведе ако нема ред и треба да очекуваме сериозна економска криза

Заев: Полициски час ќе се воведе ако нема ред и треба да очекуваме сериозна економска криза

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска на прес конференција ја поздрави одлуката на Владата за воведување на вонредна состојба и се надева на позитивен одговор од претседателот на државата Стево Пендаровски.

Тој исто така ја поздрави одлуката на Шпанија за ратификација на членство а во врска со критиките на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека задоцнил со мерките.

Владата не доцни, господинот Mицкоски доцни со мерките, рече Заев.

Тој нагласи дека вонредна состојба е за воведување поради дисциплина кај населението и се заблагодари на здравствените работници, армијата, полиција, и медиуми за посветеноста со која и пристапија на кризата.

Вонредната состојба не значи полициски час, но тој ќе се воведе ако нема ред, предупреди Заев, и додаде дека треба да очекуваме сериозна економска криза.Економскиот пик го очекуваме во април, нема да биде лесно, и жал ми е што морам ова да го соопштам. Светот како што прави, правиме и ние. Допрва државата ќе развива економски мерки. Буџетот е ликвиден и може подготвено да се справи со оваа многу тешка криза, нагласи претседателот на СДСМ.