Премиерот Зоран Заев се огласи на Фејсбук и напиша дека Владата е подготвена да се бори со секаков вид криминал.
Институционално сме подготвени за справување со сите нелегални активности на границите. Од особено значење е превенирањето, откривање и докажување на кривичните дела од организираниот криминал, корупцијата и илегалната миграција, трговија со оружје, шверцот на дрога и трговијата со луѓе. Ја поздравувам определбата на владите на земјите од регионот, преку присуството на претставниците на највисоките оперативни структури на конференцијата „Зајакнување на капацитетите на Координативните центри за интегрирано гранично управување“, да работиме заедно за да осигуриме заедничко гранично управување, напиша Заев