Македонија 01. март 2020. / 12:20

Заев побара прошка: Да си простиме и да пружиме рака на помирување

Заев побара прошка: Да си простиме и да пружиме рака на помирување

Во порака по повод празникот Прочка, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, побара од граѓаните да ги совлаат суетата и празното самозадоволство и да си пружат рака за помирување како одлика на чесни луѓе.

Заев побара прошка од народот на денот на големиот христијански празник.

Простувањето и помирувањето се одлики на големи народи.

Денеска е прочка и ден за простување, но тој чин нема да ја добие суштината ако претходно нема покајание. Простувањето ќе остане празен збор, ако од лагата се прави поголема лага. Ако продавате кули од лаги и магла.

Прочка е празник на простувањето, но простувањето не значи да се заборави – се вели во пораката Заев.