Премиерот Зоран Заев, со редовна линија се враќаше од Виена, каде што во изминатите неколку дена учествуваше на форум. Дел од патниците искористија можност да се фотографираат со премиерот.
Заев попладнево ќе присуствува на Централниот одбор на СДСМ на кој ќе се одлучува за предвремени избори, како и за други внатрепартиски одлуки.
Минатата недела, претседателот Стево Пендаровски на патување отиде со комерцијален лет. Веројатно се работи за нова стратегија за односи со јавноста и прибирање на симпатии, која ја применуваат советниците за односи со јавноста на државниот врв.