Лидерот на владејачкиот СДСМ, Зоран Заев, сака да тера валкана кампања за претстојниет вонредни парламентарни избори, но не прифаќа иста таква против него. Или, народски кажано, „Душа му сака, г.. не му држи“.
Откако преплави оделни делови од Скопје со флаери со содржина на валкана кампања, во кои, меѓу другото, мотото на опозициската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ од „Обнова на Македонија“ го преименува во „Обнова на режимот“, одговорот дојде многу брзо. ВМРО-ДПМНЕ возврати со платени билборди на кои има фотографија од познатата снимка за случајот „Поткуп“ во кој, нели, Заев бараше „евро за Вицето“ и „евро за црквата“.
И, по се изгледа, тоа го погоди Заев. Веднаш им нареди на неговите партиски гавази со боја да го премачкаат неговиот лик од билбордите. За да остане дури и девствено чист.
Но, веројатно не знае дека со таквото чистење на неговиот лик тргнува по стапките на Бенито Мусолини-Дуче и Јосиф Висарионович Џугашвили-Сталин. Две познати личности од една, иста тоталитаристичка паричка или матрица. Дуче како татко на фашизмот и Сталин како автор на болшевичкиот сталинизам, кои зад себе оставија милиони и милиони невини човечки жртви.
Како доказ за тоа можат да послужат две од петте светски познати фотографии, кои останале зпомнати во историјата по нивното ретуширање. Направено исто за да остане чист ликот на „големите ликови“. Од едната, на таа со Мусолини, е отстранет кољушарот, кој го нагрдувал војничкиот лик на фашистичкиот лидер пред неговиот напад на Египет. Од другата, пак, од таа на Сталин, во 1940 година е отстранет Николај Ежов, првиот човек на НКВД.
По ова, ликовите на Мусолини и на Сталин останале останале чисти и големи исто како што ќе остане чист и голем ликот на Заев, по пребојувањето на платените билборди.