Македонија

Заев по средбата со Ципрас: Една од опциите е прифатлива за двете страни

Заев по средбата со Ципрас: Една од опциите е прифатлива за двете страни

Премиерот Зоран Заев на прес конференција од Самитот во Бугарија рече дека во разговорите со грчкиот премиер Алексис Ципрас дошле до една опција која е прифатлива за двете страни.

Според премиерот Заев, пријателството со Грција по оваа средба е зајакнато.

-Разговараме суштествено и разгледавме повеќе опции, една од опциите е прифатлива за двете страни ако е возможно ќе имаме решение. По се што беше постигнато констатиравме дека стоиме позади тоа и добро е што е завршено, а за тоа што е останато да се решава, утврдивме една опција која може да биде прифатена. Ако решението е прифатливо за двете страни во земјите, ќе имаме решение, рече Заев.

Премиерот рече дека следуваат брифирања со сите релевантни политички партии во државите и презентирање на можното решение, а доколку не дојде до истото, останува да се преговара до есен.

Според Заев, заробената држава и спорот со името биле тегоби во државата, со кои денеска успешно се справува владата.

-Маркон и Меркел даваат поддршка за зајакнување на односите на Македонија и Европската Унија. Сите ни ја даваат безрезервната поддршка и ни даваат признание за постигнатото. Членството на Македонија во ЕУ гарантира силни институции и правна држава, како и зголемен економски развој, рече Заев кој додаде дека проширувањето на Унијата и обезбедување на нашето столче таму е реалност која е на дофат.