Премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил напиша дека македонскиот и бугарскиот народ сакаат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза.
Во објавата, Заев кажа дека меѓу него и бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов етничката и идентитетската разлика не е единствена, туку поважна и посериозна е разликата во нивните светогледи.
-Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет. Јас работам на доближување на ставовите околу разликите и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки. Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза. Доста беше омраза, стои во фејсбук статусот на Заев.
Пред два дена, Каракачанов, прашан за коментар за ставовите на Заев изнесени во интервјуто за БГНЕС, одговори дека „по стар бугарски обичај, нели знаете, на Бугаринот секогаш паметот му доаѓа следниот ден, така и со колегата Заев“ и додаде дека интервјуто е „мал чекор во вистинска насока“.
Јас сум Македонец ?? кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски…
Posted by Zoran Zaev on Saturday, November 28, 2020