Македонија 21. јануари 2021. / 17:55

Заев: По две децении конечно ќе спроведеме попис

Заев: По две децении конечно ќе спроведеме попис

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил напиша дека ја поздравува одлуката на пратениците за спроведување на пописот и носењето на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите.

– Институциите се целосно подготвени, пописот ќе се спроведе со употреба на најмодерни алатки и технологии, според меѓународните стандарди и критериуми на Евростат. И Европската Комисија нотираше дека е постигнат добар напредок, особено во спроведувањето на пилот фазата од пописот на населението и тестирањето на новата методологија која ќе се користи за спроведување на истиот, напиша Заев на Фејсбук.

Тој додава дека оваа операција е потребна за развојните политики на државата.

– Оваа статистичка операција е основната алатка за креирање на развојните политики на државата. Затоа пописот во 2021 ќе се спроведе – не затоа што премиерот Заев така рекол. И не затоа што Мицкоски така сака или не сака. Попис2021 ќе има затоа што развојот на Северна Македонија нема да биде можен без резултатите од овој попис, потенцираше Заев.

Во продолжение може да го видите целата негова објава на Фејсбук.

После речиси две децении конечно ќе спроведеме попис во државата. 🇲🇰 Ја поздравувам одлуката на пратениците за…

Posted by Zoran Zaev on Thursday, January 21, 2021