Македонија 03. април 2020. / 13:29

Заев пак се дообјаснува – Сега се фати за „чекич и денс“

Заев пак се дообјаснува – Сега се фати за „чекич и денс“

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, постираше објаснување за поимот „чекан и танц“, откако на социјалните мрежи масовно се рашири видео во кое двете стратегии за справување со економските штети од коронавирусот ги нарече „чекич и денс“ во последното гостување во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5.

При тоа, тој објасни дека во светот постоеле две поврзани стратегии: едната е „чекан“ стратегија, кога земјите преземаат ригорозни мерки и другата била „танцување“ стратегија, кога земјите се обидуваат да се справат со вирусот, при тоа да не ја уништат економијата.

– „Чеканот“ претставува почетна и агресивна реакција кон сузбивање на заразата и добивање на повеќе време за да може да се пронајде вакцина. Во овие драстични мерки спаѓаат и мерките кои нашата држава навремено и ефикасно ги спроведува (затворање училишта, факултети, забрана за јавни собири, забрана за движење, изолација, самоизолација, тестирања).
Откако ќе се примени „чеканот“ и епидемијата е ставена под контрола, следува фазата на „танц“ односно периодот до пронаоѓање на вакцината кој може да биде и подолг.
Оваа стратегија дава добар резултат и може да го намали времето за справување со последиците, здравствени и економски – напиша Заев.