Во предлог-преговарачката рамка за Македонија што вчера ја усвои Европската комисија, одредницата што се користи за именување на јазикот е – македонски (Macedonian), без никакви дополнителни објаснувања или фусноти.
Зоран Заев денеска ја прокоментира оваа одлука што вчера ја усвои Европската комисија,
-Нека ни е честито на сите македонци. Историски момент. Ова е европско признавање на македонскиот јазик и прв чекор кон промоција на македонскиот во иден официјален јазик на Унијата. Нека ни е честито и да се радуваме за овој голем успех., изјави Зоран Заев денеска.