Македонија 02. декември 2018. / 15:57

Заев открива дали Хазби Лика и Крешник Бекташи ќе бидат сменети

Заев открива дали Хазби Лика и Крешник Бекташи ќе бидат сменети

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека наводите за смена на вицепремиерот Хазби Лика и министерот за економија Крешник Бектеши не се точни.

– Во една политичка влада е нормално една партија да повлекува свои кадри, но за тоа треба да ме известат мене како мандатар. Јас за такво нешто не сум известен, што значи дека тие наводи не се точни. – вели Заев додавајќи дека Лика оди на работа, а за министерот Бектеши рече дека е многу задоволен од неговата работа.