На заедничка прес-конференција во седиштето на СДСМ, претседателот на партијата Зоранн Заев и заменик-претседателката Радмила Шекеринска, беше откриено дека двајцата ќе бидат носители на листи на следните избори.
– Можам да објавам дека јас и Радмила Шекеринска ќе бидеме носители на листи, а за другото да ги почекаме органите да одлучат, рече Заев, додавајќи дека на пратеничките листи ќе се види континуитет, но, како што истакна, ќе има и нови ликови.
Шекеринска се надоврза дека СДСМ за овие избори одлучи 50 отсто од кандидатите за пратеници да бидат жени и во секоја изборна единица да настапуваат со двајца носители во тандем – маж и жена.
– Со тоа сакаме не само визуелно, туку у и политички да ја испратиме пораката дека за да се промени државата на подобро потребни се сите и дека на тој начин испраќаме порака и до девојчиња и до девојки и до момчиња и млади мажи – дека тоа е новата реалност која ќе ни донесе нов квалитет. Порано изгледаше дека тоа е само симбол, меѓутоа симболите во политиката значат и друга содржина. И во Собранието ние видовме после години критика на системот на квоти, дека квотите не се само бројки, туку дека тие носат и еден нов тип на дебата во Собранието. И теми кои се наметнуваат, а долго време биле заборавени во Собранието. Така што ќе имаме многу носители и носителки на листи без разлика дали е некој прво или второ место, мислам дека тука сите покажавме дека позициите не ни се најважни – дека најважно ни е тоа што ќе го менуваме, подвлече Шекеринска.
Конечните носители на листите треба да биде познат веќе утре.