Македонија 11. септември 2020. / 22:44

Заев оствари средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар

Заев оствари средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар

Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар кој го завршува својот мандат во земјава. Владината прес-служба информира дека на средбата се изразени очекувања дека Македонија успешно ќе ги почне преговорите со ЕУ и оценето е дека по изборот на новата Влада видлива е нова енергија за ефективна работа.

Владата е формирана на стабилни основи и очекувам во еден полн мандат, низ заедничко работење внатре во владината коалиција и со одговорно однесување на сите политички субјекти, да покажеме резултати во квалитетот на живот на граѓаните, кон подобрување на животниот стандард и функционална правда, рекол премиерот Заев.

Соговорниците оцениле дека граѓаните ги почитуваат храбрите и искрени одлуки на политичарите кои отвораат перспективи и дека во следниот период, по затворањето на предизвиците што го блокираа развојот на државава, се отвора простор за засилен економски развој.

На средбата, премиерот Заев изразил и благодарност до евроамбасадорот за неговиот придонес во сите важни политички процеси во земјава.