Шефот на државата Стево Пендаровски го пофали техничкиот премиер Спасовски за мерките, но изрази негодување против намалување плата во администрацијата, застанувајќи против идејата која лично ја промовираше и протежираше лидерот на СДСМ Зоран Заев. Неколку часа претходно истото го стори и Спасовски.
Претходната мерка која циркулираше не беше добра. Не се согласувам со мерка, сите во администрацијата да примаат минималец , рече Пендаровски.
Настана ли поделба во СДСМ околу ова прашање – на поддржувачи на Заев и противници, партијци подделени со мерката за администрацијата. Претходно, например токму министерот Дамјан Манчевски ја пофали и поддржа мерката, меѓу поддржувачите е и минситерката Нина Ангеловска. Ги обелодени ли мерката Заевистите во владата?
На прашањето нa Плусинфо, пак, дали ќе се откаже од платата во време на кризата предизвикана од коронавирусот, Пендаровски одговори:
Да, ако предложи Владата таква мерка, јас прв ќе ја прифатам.
Нејасно е, зошто тоа би го барала Владата и чуму Пендаровски, ко што вели ПРВ, но и самоиницијативно не се откаже од својата плата, со тоа, помагајќи и на државата.