Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес конференција информира дека се чекаат резултати од корона-тестот на техничкиот премиер, Оливер Спасовски.
Утринава беше тестиран и премиерот Оливер Спасовски и се чекаат резултати кои јавно ќе бидат објавени штом бидат готови, а какви и да бидат одлуките и препораките на експертите тие ќе бидат почитувани – изјави Заев.
Тој информира дека во самоизолација се и Дамјан Манчевски, Мила Царовска, Маријан Забрчанац и Славјанка Петровска кои имале контакти со заболените.
Заев, сепак, потенцира дека во СДСМ се почитуваат сите протоколи за заштита од коронавирусот.