Македонија 26. август 2019. / 20:07

Заев одобрил инспектори од УЈП денеска да влезат во телевизија Алфа

Заев одобрил инспектори од УЈП денеска да влезат во телевизија Алфа

Додека целата јавност очекуваше УЈП да ги чешла фирмите блиски на Боки 13 и други инволвирани во случајот Рекет денеска премиерот Заев кој се обиде и формално да биде највисок по хиерархија во Министерството за финансии одобрил Инспектори од Управата за јавни приходи денеска да влезат во единствената критичка телевизија во Македонија, пишува expres.mk.

Инспекторите на УЈП ја бараат целата документација на компанијата од јануари 2014 до декември 2019 година.Влезот на УЈП во Алфа ТВ коинцидира со жестокиот напад на Владата и СДСМ по употребата на зборот “Пе*ер” во емисија на телевизијата а кој предходно го употреби премиерот Заев како карактерна особина за Боки 13.

СДСМ и Владата не реагираа на изјавата на својот шеф кој јавно го употреби зборот “Пе*ер” но откако Алфа се послужи со вокабуларот на Заев тоа предизвика жесток напад и отворена војна на Владата и СДСМ кон телевизијата Алфа.

Станизацијата на телевизијата од владеачката партија за користење на збор во стилот на Заев се случи откако гледачите на емисијата “Збор по збор” беа запрашани дали “Зошто владата на Заев се однесува “пе*ерски” кон Србија”.

Владата и СДСМ кои ја обвинија телевизијата дека се обидува да ги наруши односите со Србија се уште не даваат објаснување зошто инспектори на УЈП денеска влегле во ТВ Алфа, пишѕва expres.mk

Како Владата и СДСМ ја нападна Алфа и што одговори телевизијата во следното видео по 17 минута.