Од утре стартуваат консултациите помеѓу власта и опозицијата за усвојување на уставните измени предвидени со преспанскиот договор, откако на вчерашниот референдум не беше постигнат потребниот цензус.
Дали постои амбиент за постигнување договор со опозицијата за неопходното двотретинско мнозинство за изгласување на уставните измени, ќе се знае за неколку дена, смета премиерот Заев.
Доколку нема дво-третинско мнозинство пратеници премиерот Заев е подготвен да излезе на предвремени парламентарни избори уште во ноември. Но опозицискиот лидер ја отфрла фрелената ракавица. Вели ова не било битка за избори, порачувајќи му на Заев наместо за предвремени избори треба да размислува за оставка. На пратениците им порача да ја прифатат пораката од народот кој јасно кажал стоп за договорот со Грција и да не гласаат за уставните измени.
Убедливата поддршка од мнозинтвото граѓани кои вечра позитивно се изјасниле на референдумот, за премиерот се доволен сигнал да не поднесе оставка. Вели нема намера да поднесе оставка, туку обврска да ја направи Македонија членка на ЕУ и НАТО. Коалициониот лидер на Заев, Ахмети не е на иста линија со премиерот околу предвремените избори. Вели избори не се потребни бидејќи актуелниот собраниски состав има мандат за решавање на прашањата со соседите и евроатланската интеграција на земјава.
Доколку не се постигне договор за уставните измени, како можен датум за евентуални предвремени парламентарни се споменува 25 ноември.