Македонија 26. јуни 2020. / 21:32

Заев од Тетово: Ќе го победиме ДУИ во ИЕ6 и ќе имаме дупло повеќе пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Заев од Тетово: Ќе го победиме ДУИ во ИЕ6 и ќе имаме дупло повеќе пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев од вечерашната трибина од Тетово порача дека коалицијата на СДСМ и БЕСА ќе го победи ДУИ во шестата изборна единица.

Другарки и другари, да бидете горди, зошто Зоран Заев ви го дава зборот, порача тој.

Пред вас сме вечерва, двајца носители од Тетово, Билал Касами од Беса и Фаница од СДСМ, а веднаш после нив е Бејџан. Имаме застапеност од сите етнички заедници. Бидете горди затоа што успеавме да направиме мултиетничка коалиција и тоа пред изборите, не после. Во шестата изборна едниција ќе го победиме ДУИ.  Ќе ја победиме Алијансата на Албанците и Алтератива. Ќе имаме најмногу дупло пратеници отколку ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што тоа е иднината. Затоа што на народот му е преку глава од квази-патриоти и националисти, рече Заев.