На денешната прес-конференција, лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев, уште еднаш повтори дека неговата партија е отворена за коалицирање со сите албански партии.
Ние сме отворени за коалиција со сите албански партии, но сепак не зависи само од нас, туку треба да се согласи и другата страна. Ако стоиме и ако веруваме во исти вредности, тогаш се отвора патот за можни коалиции, истакна Заев.