Македонија 06. април 2020. / 21:19

Заев: Ние можеме да кажеме дека фирмите кои покажаа профит сега ќе им ги земаме и национализираме!

Заев: Ние можеме да кажеме дека фирмите кои покажаа профит сега ќе им ги земаме и национализираме!

Зоран Заев се закани дека ќе одзема и национализира компании ако не донираат и не се солидарни. Еден од последните вакви пример беше случајот со Венецуела кога Хуго Чавез национализираше приватни компании и неколку година подоцна имаа празни продавници.

Ние може да кажеме еве фирмите кои во последните три години покажаа профит сега ќе им земаме, треба не треба, тоа значи национализација, тоа значи влегување, затоа треба да знаат сите ако навистина не се солидарни и заедно не понесеме со разговори со се, во делот на солидарноста,  најповеќе најпрофитабилните, но сакам да апелирам до сите. Да донират и да најдат начин да помогнат, зошто државата име увид во нивните сметки и има увид во нивните компании, треба да донираат да покажат солидарност., изјави Заев