Во денешната емисија Топ Тема на Телма Телевизија во своето гостување претседателот на СДСМ Зоран Заев посочи дека во сред лето било многу жешко на 40 степени со маски неприфатливо било да се оди на избори, за подоцна да истакне дека сега било моментот за да се оди на избори, иако претходно нагласи дека никој не сака да оди на избори.
Никој не сака да оди веднаш на избори, сите сакаме здравјето да биде заокружено да нема ниеден заболен повеќе и тогаш да размислуваме за избори, вели Заев.
Заев истакна дека летниот период кој што е пред нас и високите температури се неприфатливи за да иам избори.
Со 40 степени маските ќе треба да ги носиме, да одиме на гласање е неприфатливо, а посебно границите ќе бидат отворени, веќе националното законодавство за справување со кризата нема да важи ќе биде меѓународното, нашинците ќе дојдат ќе видиме колку оваа година бидејќи е специфично, но ќе дојдат, кажа Заев.
Тој подоцна истакна дека има можност за нови пикови и во летото.
Сега е момент кога беше се затворено кога имаше полициски часови, кога имаше рестриктивни мерки затоа што потенцијалот на најмалку заболени е токму сега, вели контадикторно Заев,а неколку минути предходно посочи дека никој не сака избори.