Македонија 16. април 2020. / 12:54

Заев: Немам симптоми на Ковид-19, мора да бидеме внимателни и да ги почитуваме мерките

Заев: Немам симптоми на Ковид-19, мора да бидеме внимателни и да ги почитуваме мерките

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев објави видео во кое вели дека тој и членовите на неговото семејство немаат симптоми на вирусот Ковид-19.

Во пораката Заев апелира до граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат пропишаните мерки за превенција од корона вирусот.

Нема симптоми кај мене и членовите на моето семејство со кои сме заедно во изолација. Се надевам дека и тестовите ќе бидат негативни за да може по празниците да се вратиме во нормално функционирање на работните обврски. Иако сите постепено се подготвуваме за враќање на животот во нормала, мора да сме свесни дека и понатаму ќе мора да бидеме многу внимателни и да ги почитуваме меркитe – вели Заев во пораката.