Во врска со мерката за укинување на квотите за лекови на рецепт во аптеките во целата држава, премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил напиша:
Мерката за укинување на квотите за лекови на рецепт во сите аптеки успешно ја спроведуваме, зајакнати се и контролите за да ги подобриме услугите. Нема повеќе паника и страв кај граѓаните дека ќе останат без неопходните лекови од позитивната листа, сега тие им се достапни во било кој период месецот.Со оваа и со сите други мерки што ќе следуваат, како Влада остануваме посветени во изградба на достапен, квалитетен и долгорочно финансиски-одржлив систем на здравствена заштита, со посебна грижа за достоинствена здравствена професија со граѓаните во центарот на здравствениот систем.