Македонија 24. мај 2020. / 10:01

Заев: Нека е честит денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј

Заев: Нека е честит денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во свое лично име и од името на СДСМ упати честитка до граѓаните по повод 24 мај – денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј.

„Со своето големо дело Светите браќа им го отворија патот на словенските народи, кон описменување, го поставија темелот на писменоста со што дадоа голем цивилизациски придонес.Поради нивниот придонес, обединувачки пораки и мисии, ги славиме денеска ние, но, се слават и ширум светот, а веќе се дел од европското културно и духовно наследство“, се вели во честитката на Заев.

Тоја додава дека со нивната успешна борба за признавање на словенското писмо и јазик, Св.Кирил и Методиј го афирмираа правото на еднакво признавање на секој јазик, помогнаа за културно и духовно прогледување на многу народи ширум светот.

„Во чест на Светите Кирил и Методиј стотици милиони луѓе ширум светот пишуваат на писмо именувано како кирилица, за чие ширење е најзаслужен нивниот најпознат ученик, Свети Климент Охридски, основоположникот на Охридската книжевна школа.Нека ни е честит денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј“, се вели во честитката на претседателот на СДСМ, Заев.