Претседателот на СДСМ ги отфрли обвинувањата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милишоски дека тој стои зад објавувањето на неколку прислушувани разговори. Сите материјали од прислушуваните разговори ги предадовме на СЈО на крајот на 2016 година и со тоа ја завршивме нашата обврска, рече Заев.
Тој додаде дека доколку ги поседувал овие „бомби“, ќе ги објавел во рамки на проектот „Вистината за Македонија“ како доказ за директно влијание врз судството.
– Дефинитивно ние ја завршивме нашата обврска и при крајот на 2016 година ги предадовме сите материјали во СЈО. Објавивме пакет од 35 „бомби“ и кога постигнавме договор за Пржинска влада застанавме, материјалите ги спакувавме на хард-дискови и текстуално и ги предадовме, рече Заев.
Заев повика институциите да истражат како и кој го поставил материјалот за Милошоски на Јутјуб.