Македонија 10. февруари 2021. / 12:24

Заев: Не знам кој космонаут гледа од Месечина, ама предвремени избори нема да има

Заев: Не знам кој космонаут гледа од Месечина, ама предвремени избори нема да има

Предвремени извори нема да има затоа што за тоа нема потреба, изјави премиерот Зоран Заев по изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, дека од Месчеината се гледаат две работи: Кинескиот ѕид и предвремените парламентарни избори.

– Не знам кој космонаут гледа од Месечина, ама предвремени избори нема да има, рече Заев.

Заев ги наброја општините од чии градоначалници е задоволен како работат, но рече дека сепак реакциите на народот ќе бидат пресудни дали тие повторно ќе бидат кандидирани на претстојните локални избори.

-Лично јас имам свои ставови. Ќе застанам зад неколку кандидати, Валандово, Богданци, Дојран, Конче, Кочани, Штип, Старо Нагоричани Крушево, Маврово Ростуше, Демир Капија, рече Заев.

Тој потенцираше дека е добро за сите важни прашања да има консензус меѓу партиите, но дека пописот е неопходен.

– Кај нас 20 години немаше попис. Ниту владата, ниту градоначалниците, ниту фирмите располагаат со податоците кои им се потребни. Пописот ќе се спроведе од 1 април до 21 април. Во лето никој никаде не прави попис. Во септември веќе се подготовките за локалните избори, а во октомври и ќе се одржат локалните избори, рече Заев.